Ревизијата на наставните планови и програми заврши - подготвени се новите наставни планови и програми за второ и трето одделение.

Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми за второ и трето одделение.

Вашите коментари и предлози се добредојдени и ги очекуваме на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , а можете истите да ги доставите и до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).

 

НОВА НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА ВТОРО ОДДЕЛЕНИЕ

Преземете го наставниот план и програма на македонски јазик, албански јазик, турски јазик, српски јазик.

 

НОВА НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

Преземете го наставниот план и програма на македонски јазик, албански јазик, турски јазик, српски јазик.