Во рамки на третото издание на манифестацијата „Ноќ на идеите“, што ја организира Францускиот институт во Скопје, на Машинскиот факултет при УКИМ се одржа дебата на тема „Младите и иновациите“, на која, претставниците на повеќе образовни институции и на бизнис заедницата, иноватори и студенти, се осврнаа на важноста на иновациите за развојот на општеството, но и на потребата од поголема државна поддршка за поттикнување и реализација на креативните идеи.

Пред присутните се обрати и заменик министерот за образование и наука, кој рече дека колку повеќе изумители, креативци и претприемачи има во една земја, толку општеството и економијата побрзо напредуваат и затоа Владата одлучи да ја интензивира поддршката за развој на иновативноста.

“Во тој дел постои еден координиран институционален пристап, кој својот ефект ќе го даде на среден или долг рок. Сите активности кои ги имаме утврдено и ги преземаме во рамки на владината програма за работа, се во согласност со Стратегијата за развој на иновациите 2012-2020, Законот за иновациска дејност, Регионалната стратегија за истражување и развој на иновации за Западен Балкан и повеќе други стратешки документи кои се дел поширокиот план за градење на Република Македонија како земја на знаење, иновации и информатичка технологија“, рече Адеми.

Тој се осврна и на новите можности кои во изминатиот период ги воведе Фондот за иновации и технолошки развој со цел доделување на средства на нови категории на корисници, меѓу кои, повикот за доделување средства на ученици од основните и средните училишта за финансирање на научно истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки, комплементарни со наставните планови и програми по овие предмети, како и повикот за финансирање на технолошки решенија за намалување на загадувањето на воздухот во урбаните средини во земјата, преку кој веќе се избрани 5 компании кои ќе ги користат предвидените средства.

Заменик министерот за образование и наука рече дека свесноста за важноста на иновациите континуирано расте, а со тоа и интересот и потрагата по средства за реализација на иновативните идеи.

“Затоа е тука државата и во тој контекст, сакам да потенцирам дека ќе се потрудиме понудата на новите можности и обемот на средства за финансирање на иновации континуирано да се проширува. Затоа што, тоа е иднината на земјата“, рече Адеми.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook