Министерството за образование и наука дава поддршка и се приклучува кон иницијативата на неформалното здружение НаТочак и ве повикува да се вклучите во овогодинешниот “Winter Bike To Work Day/School Day“, глобална иницијатива чија цел е подигнување на свеста за важноста и придобивките од користењето на велосипедот како превозно средство до работа и училиште во текот на целата календарска година. 

Што е Winter Bike to Work / School Day?

Winter Bike to Work Day e интернационален ден на кој што луѓето го одбележуваат движењето со велосипед на работа и училиште во зима, притоа кревајќи ја свеста за ова превозно средство во ладните месеци, водејќи се од наративот: Не постои лошо време, постои само лоша опрема.

Како може вие да се вклучите?

1.    Пратете електронска адреса и повикајте ги вашите вработени на 09.02.2018 година, да дојдат со велосипед на работа.

2.    Впишете се Вие, Вашата институција/училиште и вашите вработени/ученици на мапата на светскиот настан https://winterbiketoworkday.org/

3.    Додадете ваш локален настан доколку сакате и ставете се на светската мапа на Winter Bike to Work настани https://winterbiketoworkday.org/addevent/

4.    Смислете (по можност) креативни начини за поттикнување на вашите вработени/ученици да се појават на велосипед на 9.02.2018 во што поголем број.

5.    Стиснете Вие и вашите вработени “ќе присуствувам” на фејсбук настанот, и доколку вашето училиште има веб страница или фејсбук профил, споделете го настанот со останатите https://www.facebook.com/events/411957482572496/

6.    Објавете дека се приклучувате на настанот на традиционални и дигитални медиуми

7.    Дојдете на работа/училиште на 09.02.2018та на работа со велосипед

8.    Постирајте содржини и слики на хаштагот #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот:#WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден. Бидете кул компанија/училиште чии вработени/ученици возат точак и на ладно време.

Ученици, наставници, професори и студенти, ве повикуваме да се придружите на оваа прекрасна иницијатива. Уживајте во возењето, почитувајте ги правилата во сообраќајот, внимавајте на сопствената безбедност и безбедноста на останатите граѓани и учесници во сообраќајот.

Грижата за животната средина, вашата среќа и благосостојба, заштедата на време и пари, се најголемата мотивација за возењето велосипед. Качете се на седлата и возете кон иднината.

Ѕрн ѕрн!

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk 

Заменик министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook