ГРАНТОВИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ АКТИВНОСТИ

Проектот Градиме Мостови – “Building Bridges Fund” (BB) отвора лесни можности за општините, учениците, наставниците, родителите, градинките и училиштата кои сакаат да организираат заеднички активности вклучувајќи ученици од сите свои заедници кои следат настава на различни наставни јазици.

Фондот Градиме Мостови е заеднички проект отпочнат од Министерството за образование и наука, Владата на Швајцарија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој понатаму беше поддржан и од Владите на Ирска и Австрија. Сега, активни поддржувачи на Фондот се Амбасадата на Кралството Холандија, како и Владите на Соединетите Амеркански Држави, Италија и Словачка, покрај Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Од 2018 година во работата на Фондот се вклучи и Министерството за труд и социјална политика.

Деталниот Водич за апликантите за условите, како и кусиот и едноставен формулар за аплицирање, на англиски, македонски, албански, турски, српски, влашки, босански и ромски можат да се преземат подолу. На кој јазик и да се пополнува формуларот, секогаш мора да се достави и преведена верзија на англиски јазик.

Тоа е поради фактот што за апликациите ќе одлучува мешано Советодавно тело составено од:

Билјана Трајковска, Државен советник во Министерство за образование и наука;
Валмира Истрефи, Советник на ЗПВРМ за спроведување на охридскиот договор;
Венера Лумани, музичар;
Вера Ристовска, Министерство за труд и социјална политика,
Н.Е. Воутер Пломп, Амбасадор, Амбасада на Кралството Холандија;
Ирена Оровчанец, Советник, Агенција за остварување на правата на заедниците;
Лела Јаковлевска, Виш проектен специјалист за образование, УСАИД, во име на Амбасадата на САД;
Милутин Станчиќ, Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при МОН;
Огнен Јанески, Водител на ТВ и граѓански активист, ТВ 24
Ребека Јанковска Ристески, музичар и граѓански активист;
Н.Е. Ренате Коблер, Амбасадор, Австриска амбасада;
Сара Барбиери, Раководител на проектот „Градиме мостови“, Мисија на ОБСЕ во Скопје<
Садете Рамадани, Министерство за образование и наука;
Сафет Незири, Државен советник во Министерство за образование и наука;
Тони Зен, музичар; и
Џеф Голдстеин, Заменик Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје;
Крајните рокови за аплицирање за регуларните грантови (до 7.000 евра) се 1 март, 1 мај и 1 октомври 2019 година, додека за грантовите до 1,500 евра може да се аплицира во било кое време.

 

 

 

 

Пријавен лист за фондот „Градиме мостови“

Formulari për aplikim për Fondin “Ndërtojmë ura”

Prijavni obrazac za fond “Gradimo Mostove"

Building Bridges Fund Application

Пријавни лист за фонд „Градимо мостове“

Frãndzã ti aplicari ti fondul Adrãm apuntsã

Fondi „Tamirinaja purkja“

“Köprüler Kuruyoruz” Fonu