Подготвени се нови наставни програми и планови за прво одделение. Се очекува наскоро да заврши ревизијата и изгтовувањето на нови наставни програми за второ и трето одделение. Предвидени се суштински промени во основното образование.

Водени од констатацијата за преголемо оптоварување на учениците, како и бројните небулози во учебниците и воопшто во основното образование, Министерството за образование и наука формираше работна група составена од експерти од педагошкиoт институт и филозофскиот факултет, како и практичари во областа - наставници, чија основна задача е создавање нов и квалитетен образовен модел во основното образование.

Министерката Дескоска изјави дека целта е да „создадеме нов и современ образовен модел во кој ќе го зголемиме интересот на учениците за образованието, нивната љубопитност и желба за учење, систем во кој тие нема да бидат под постојан притисок“.

„Во овој момент, фокусот е ставен на првите три одделенија од основното образование, гледани поединечно и како целина, а притоа водејќи се од прашањето со какви знаења и вештини очекуваме да се стекнат децата по завршувањето на третото одделение. Ревизијата притоа води сметка не само за образовната компонента, туку и за воспитната, односно посебен акцент ќе биде ставен и на формирањето на карактерот на децата.

Анализите покажаа преголемо и несразмерно оптоварување на учениците, а констатацијата е дека таков наплив на “бомбардирање” на децата предизвикува одбивност, презаситеност и незаинтересираност за учењето.

Секако, треба да напоменеме дека појдовме со добра анализа на постојниот образовен систем, и дека добрите практики, односно добрите страни на досегашниот образовен систем беа задржани и во новиот образовен модел, со цел да добиеме наш автентичен образовен модел кој соодветстува за нашето подрачје“, изјави Дескоска.

Едни од клучните промени на новите наставни програми и планови за првото одделение, кое сега е значително растеретено од содржина и тежина, предвидуваат:

  •    првото одделение ќе биде соодветно прилагодено на возраста на учениците од 5 и пол години. Спуштањето на првото одделение на возраст 7 на 5 и пол години беше вештачки направено, создаде суштински проблем во образованието, непотребно ги оптовари учениците и создаде притисок за родителите.
  •    бројот на часови ќе се намали - учениците во прво одделение нема да имаат повеќе од 4 часови дневно
  •    намалување на времето кое учениците ќе го поминат во настава за сметка на зголемување на времето за одмор и игра. Предвидено е на секој час од 40 минути, да има 15 минути одмор за децата
  •    намалување на учењето во широчина за сметка на учењето во длабочина
  •    намалување на тестирањата на учениците за сметка на комплексното проверување на резултатите од учењето
  •    домашните работи се заменуваат со вежби на час под контрола на наставникот
  •    воведување служба за поддршка на талентирани, но и за ученици кои бележат послаби резултати во напредувањето.
  •    намалување на времето планирано за меморирање за сметка на времето планирано за истражување и проблемско учење

Дескоска најави дека по завршувањето на овој процес, ќе следи и ревизија на учебниците кои ќе треба да се усогласат со новите наставни планови и програми, по што се очекува и распишување на јавен повик за изготвување на нови и квалитетни учебници, онаму каде потребата ќе биде нотирана.

„Станува збор за сериозни реформи во образованието и затоа предност ќе дадеме на дебатата и времето потребно да се усовршат квалитетни наставни планови и програми, околу кои ќе имаме консензус“ додаде таа.

 

Новите наставните програми можете да ги преземете тука.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk 

Заменик министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook