Министерката за образование и наука денеска оствари работа средба со амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара на која беше ставен акцент на интензивирање на образовната соработка помеѓу двете земји во периодот што следи.

За време на средбата Дескоска истакна дека е задоволна од искрените намери и досегашниот придонес на Република Турција за развојот на македонскиот образовен систем на сите нивоа и во тој контекст, во духот на традиционалните пријателски односи, побара поддршката да продолжи особено во делот на подигнувањето на стандардите во високото образование и подобрувањето на механизмите кои овозможуваат мобилност во високото образование.
img 8014
Амбасадорката Еркал Кара ги поздрави реформските активности кои во моментов министерството ги спроведува и потенцираше дека Турција, преку владината агенција за соработка и развој ТИКА останува стратешки партнер на Македонија.

Дополнително, изрази благодарност што повеќе од 5000 ученици од турска националност имаат можност во основните и средните училишта во земјата да се образуваат на својот мајчин јазик, што пак, преставува вредност која придонесува за развојот на културниот плурализам. Додаде и дека во последните неколку години зголемен е интересот на студенти од Република Турција кои се одлучуваат да го продолжат своето образование во нашата земја.

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook