Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование започнаа со активности за унапредување на наставата по граѓанското образование во основното и средното образование во Република Македонија.   

За таа цел, формиран е стручен тим кој ќе работи на концепт за унапредување на наставата по граѓанско образование во основно и средно образование и ќе даде насоки и поддршка на работните групи во изработката на наставните програми.

Првата средба на стручниот тим се одржа на 30 ноември 2017 година во Министерството за образование и наука, каде министерката за образование и наука, Рената Дескоска, ја истакна важноста од започнувањето на овој процес кој ќе ги зајакне содржините во предметите по граѓанско образование, но ќе овозможи и предлози за меѓупредметната примена на граѓанското образование. Министерката Дескоска посочи дека учениците треба да го практикуваат знаењето преку наставни и вон-наставни активности со зајакнување на граѓанската култура и демократското однесување.

Стручниот тим е составен од претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, наставници, универзитетски професор и претставници на граѓанскиот сектор.
Процесот е поддржан од УСАИД (Проект за меѓуетничка интеграција на младите во образование) и Детската фондација Песталоци, Швајцарија (Проект за јакнење на мултиетничката соработка во општините).

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook