Што претставува новата  работна програма за 2018-2020?

Во времетраење од седум години (2014-2020) и буџет од 77 милијарди евра, Хоризонт 2020 е досега најголемата програма за финансирање на истражувања и иновации во ЕУ. Се спроведува преку повеќегодишни работни програми.

Денес, Европската комисија ја претстави последната работна програма за Хоризонт 2020, која ги покрива буџетските години 2018, 2019 и 2020 година и претставува инвестиција од околу 30 милијарди евра вклучувајќи и 2.7 милијарди евра за започнување на Европскиот совет за иновации (EIC).

Најголемиот дел од ова финансирање се распределува врз основа на конкурентни повици кои се отворени за апликации од истражувачи, бизниси и други заинтересирани организации лоцирани во која било земја-членка на ЕУ или асоцијативни земји членки на Хоризонт 2020. Организациите од трети земји, исто така, можат да учествуваат во проекти но под  одредени услови. Сите можности за финансирање и слични информации се достапни на еден портал.

Кои се новините во работната програма?

Работната програма 2018-2020 се базира на досегашната успешност на Хоризонт 2020  врз основа на  опсежната среднорочна евалуација на програмата. Работната програма, исто така, кореспондира со политичките приоритети на Европската комисија и го трасира патот за идната програма- наследник на Хоризонт 2020.

Новините вклучуваат мерки за поддршка на пазарно-ориентирани иновации, високо интегрирани активности наречени области на фокусирање, акцент на подобро дисеминација на резултатите и фокусирање на отворен пристап до податоци. Работната програма, исто така, вклучува мерки за поедноставувањето (на пример, паушално финансирање-Lump-sum funding), за проширување на учеството на помалку успешните земји и за зајакнување на  вештините.

Што е во фокусот на  новата работна програма?

1. Пазарно ориентирани иновации

Работната програма вклучува мерки за поддршка на пазарот за создавање иновации, преку првата фаза од Европскиот совет за иновации (ЕIC). EIC ќе биде отворен за иновации во која било технологија или сектор, вклучувајќи и нови иновации меѓу технологии и сектори.

Првата фаза од EIC ќе ги поддржи иновативните фирми и претприемачи за брзо унапредување на нивните бизниси на европско и глобално ниво и ќе и помогне на Европа да ги привлече иновативните идеи со потенцијал за создавање нови пазари и зајакнување на индустриската база.

Со буџет од 2,7 милијарди евра, EIC ги спојува постојните инструменти: Инструментот за мали и средни претпријатија (МСП), награди за потикнување, FET-Open и брз пристап до иновации. Понатамошните промени вклучуваат прилагодување на инструментот за мали и средни претпријатија целосен пристап од "долу нагоре", така што можат да бидат поддржани и иновативните проекти што хоризонтално ги поврзуваат секторите и технологиите.

За финансискиот инструментот за МСП (во Фаза 2: поддршка за понатамошен развој на иновативни проекти преку активности како што се тестирање, пилот проект или проширување), Комисијата планира да воведе интервјуа лице-в-лице кон системот за евалуација на предлогот.

2. Политички приоритети

Работната програма има за цел да ги адресира политичките приоритети на Комисијата преку дефинирање на насочени активности за истражување и иновации кои можат да дадат значително влијание.

"Фокус областите" се дизајнирани околу четири политички приоритети:
- климатски одржлива иднина со ниско ниво на јаглерод диоксид: 3.3 милијарди €
- циркуларна економија: 1 милијарда €
- дигитализација и трансформација на европската индустрија и услуги: 1,7 милијарди €
- безбедна Унија: 1 милијарда €
-миграција : 200 милиони €

 Овие фокус области се "виртуелни повици" кои се наоѓаат во неколку делови од Програмата за работа и кои се опремени со значителен буџет. Од фокус областите се очекува да создадат исклучително влијание преку  решавање на големите предизвици.

3. Зајакнување на меѓународната соработка за истражување и развој

Меѓународната соработка е неопходна за да и обезбеди научно лидерство и индустриска конкурентност на Европа во Светот. Со соработката на меѓународно ниво, ЕУ може подобро да ги исполни глобалните обврски во согласност со нејзините надворешни политики. Работната програма вклучува околу 30 водечки иницијативи на теми посветени на меѓународната соработка во областите од взаемна корист, со вкупен буџет од над 1 милијарда евра. Примерите вклучуваат соработка со :
    Канада - персонализирана медицина
    Африка - храна, безбедност на храната и земјоделство, обновливи енергии
     САД, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур и Австралија - автоматизација на патниот сообраќај
    COP21 – активности за поддршка за климатски промени
    Индија - предизвици за вода
    Русија - истражувачка инфраструктура
    Повеќе меѓународни партнери - безбедна нанотехнологија

Поттикнување на фундаменталните истражувања – Bly sky

Во исто време , Хоризонт 2020 ќе продолжи да ја финансира „науката потикната од радозналост“ т.н. „Bly sky“ или „наука на границите на знаењето“ , Годишната програма на Европскиот истражувачки совет ќе овозможи подршка на врвните истражувачи со околу 1,86 милијарди евра. Акциите за мобилност и градење кариера „ Мари Склодовска Кири“, со кои ќе се финансираат стипендии за истражувачи во сите фази на нивната кариера, ќе имаат подршка од 2,9 милијарди евра во текот на три години

Ширење на извонредноста

Во период од 2018-2020 , буџет од 460 милиони евра ќе биде определен како подршка на земјите членки и асоцијативните земји кон Хоризонт 2020 кои се уште не партиципираат во програмата со целиот свој капацитет. Целта е да се активираат неискористените извори на извонредност во Европа и надвор од неа.


Како се распределуваат финансиските средства од Хоризонт 2020?

Во работната програма се поставени бројни повици кои содржат пре-дефинирани теми со релевантни буџети, услови и датуми за затворање на апликациите. Апликациите ги оценуваат независни експертски оценувачи според критериумите дефинирани во работната програма. Договорите за грант се склучуваат со успешните кандидати во рок што е обично осум месеци од крајниот рок за повик.

Сите можности за финансирање во рамките на Хоризонт 2020 се достапни на порталот за учесници:

Participant portal.

Work Programme 2018-2020 Horizon 2020

 

Повеќе информации

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook