Министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска, денеска присуствуваше на завршната конференција на твининг проектот за подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации. Покрај министерката Дескоска, свои обраќања имаа и амбасадорите на Република Хрватска и Полска, Н.Е. г-ѓата Данијела Баришиќ, односно Н. Е. г-динот Јацек Мултановски, како и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, г-динот Никола Бертолини.  

Во своето обраќање, министерката Дескоска истакна дека сите вклучени во образовниот процес, но и во реформите во образованието треба да бидат свесни дека квалитетот на образованието е примарна цел и инструмент за градење доверба. “Само стандард кој гарантира квалитет може да биде почитуван и релевантен. Затоа во градењето квалификации нам ни е потребно тие да гарантираат квалитет и споредливост за да бидат препознаени во меѓународен контекст“, потенцираше министерката Дескоска.

На денешниот настан се обрати и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, г-динот Бертолини кој истакна дека квалификациите единствено имаат вредност доколку образовната заедница, работодавците и општеството имаат доверба во стандардите на знаење, вештините и компетенциите поврзани со квалификациите.

Овој проект ќе придонесе за понатамошна имплементација на Националната рамка на квалификации, која е поврзана со Европската рамка на квалификации. Како таква НРК претставува значаен инструмент за креирање политики за промовирање на мобилноста и доживотното учење како на национално, така и на европско ниво и има одлучувачка улога во подобрување на транспарентноста на националните квалификации, подобрување на квалитетот на квалификациите и нивната важност на пазарот на труд, иницирање на реформи во образовните политики и засилена комуникација со сите чинители и проширување на можностите за признавање на претходното учење во рамките на системот на квалификации.

 

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook