Во Министерството за образование и наука се одржа средба помеѓу министерката Проф. д-р Рената Дескоска и амбасадорот на Велика Британија Н.Е. Чарлс Гарет. Средбата се одржа на 31 јули, 2017 година.

На средбата министерката презентираше дел од новите чекори на Кабинетот, концептуалните промени во образованието како и новите приоритети на МОН - ревизија на наставната програма и учебниците, намалување и ослободување од административниот товар на наставниците и професорите за да можат повеќе да се посветат околу подготовката на наставата, а помалку на бирократските задачи, како и растеретувањето на наставните содржини и намалување на оптовареноста на учениците.

Исто така, на средбата беше разговарано за потребата од одложувањето на наставната програма „Кембриџ” во средните училишта за учебната 2018/2019 година, со цел да се даде разумен временски период за дебата и подготовка на учебници од кои македонските ученици ќе го добијат заслуженото квалитетно и светско образование.