Врз основа на Протоколот за соработка за доделување на стипендии „Борис Трајковски” потпишан во Скопје на 28 јуни 2017 година, од страна на Министерството за образование и наука, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, и Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, Сити Колеџ, лоциран во Солун, Грција, МОН распиша Конкурс за доделување стипендии „Борис Трајковски” за 20 студенти за двегодишни студии од втор циклус за Извршната МБА програма на Универзитетот Шефилд за академската 2017/ 2018 година.
На Конкурсот се пријавија 68 кандидати и по извршената постапка на селекција и евалуација на критериумите кои што беа наведени во Конкурсот, како и приложената документација, беше извршено рангирање од страна на претставници од Министерството за образование и наука, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и Универзитетот Шефилд Сити Колеџ - Солун.
Oдбрани кандидати кои ќе бидат корисници на стипендијата „Борис Трајковски” се:
1. Тамара Стефановиќ-Карапетковска,
2. Фросина Дониновска-Сусинов,
3. Марјан Томовски,
4. Мирјана Свилар-Алексовска,
5. Ана Јовановска,
6. Игбале Ферати-Прешова,
7. Игор Стојаноски,
8. Симона Блажеска,
9. Зоран Петровски,
10. Даниел Калајџиески,
11. Маја Јакимовска,
12. Иван Илиев,
13. Воскресија Петкова,
14. Маја Поповска,
15. Филип Јовески,
16. Ели Жабевска-Муратовска,
17. Ивана Петровска,
18. Филип Грујевски,
19. Николина Станинова,
20. Марина Карафилоска.
Со почит,
Министерство за образование и наука