Министерството за образование и наука го послуша гласот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на студентите околу немањето потреба од распишување на конкурс за дисперзирани студии на овој Универзитет. Ние уште на самиот почеток најавивме враќање на автономијата на Универзитетот, а донесувањето одлука за укинување на дисперзираните студии е резултат на укажувањата кои стигнаа до нас од страна на Универзитетот за непостоењето на интерес од страна на студентите за овие студии во изминатите неколку години. Постојат јасни согледувања за неможноста да се обезбеди ист квалитет на студии надвор од матичните Факултети.

Министертсвото за образование и наука нема да дозволи да постојат студенти од прв ред и студенти од втор ред кои ќе учат во несодветни субстандардни услови надвор од матичните Факултети. Заложба на Министерството за образование и наука е да ги поддржува Универзитетите во обезбедувањето на квалитетно високо образование и да им овозможи на студентите дипломи кои ќе им гарантираат знаење.

Јасно ни е дека ВМРО-ДПМНЕ е во паника бидејќи нивниот ефтин популизам е препознаен од сите, и од универзитетите и од студентите. Со нивната хистерична реакција во однос на укинувањето на дисперзираните студии на УКИМ, всушност се обидуваат да ја дефукусираат јавноста од вистинските проблеми кои тие ги оставија во образованието, огромните долгови во студентските и ученичките домови, во основните и средните училишта, штетните договори кои ги имаат склучувано за издавање на несоодветно преведени книги кои не можат да се користат заради лошиот превод и за сите сомителни зделки на коишто впрочем укажува и ревизорскиот извештај од 2015 година за Министерството за образование и наука.

Пред ВМРО-ДПМНЕ да се фали со наводни “успеси” во опремување за лабаратории на државните високообразовни установи и јавни научни институции, нека го отвори ревизорскиот извештај и да одговори на наводите во него дека вкупната вредност на лабароториите “се разликува од вредноста во фактурите”. Исто така ВМРО-ДПМНЕ должи одговор каде е опремата за лабараториите која била набавена за Факултетот за безбедност, а која никогаш не стигнала до овој Факултет. Ова се само дел од примерите кој покажуваат колку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за подобрување на образованието во нашата држава и нивното „законско работење“.

Универзитетот, студентите и пошироката јавност уште на самиот почеток ја гледаат искрената намера на Министерството за образование и наука за подобрување на условите во образованието и тие знаат дека престојат сериозни промени во образованието со нивно активно вклучување во овој процес.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook