Капиталниот владин проект “Превод на стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ продолжува да се имплементира и во периодот што следи.

Откако кон крајот на минатата година беше заокружена промоцијата на сите 1000 планирани наслови, денес во специјализираната читална во Градскиот трговски центар во Скопје беа промовирани нови 14 книги, кои се дел од 50те предвидени за годинава, односно од планираните 200 за следните 4 години.

На промоцијата, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека ова е еден од проектите со кои Македонија се издвојува како единствена земја и лидер во регионот и токму поради исклучително позитивните резултати кои ги дава, Владата донесе одлука истиот да биде надграден со превод на нови наслови кои се користат на најреномираните 10 светски универзитети.

“Денешните наслови, како и преостанатите предвидени за превод во оваа календарска година се од областа на медицината и стоматологијата, од областа на земјоделските науки и од областа на педагогијата, што особено ја извојувам како сфера на која заедно со професорите и студентите одлучивме да дадеме приоритет во обезбедувањето на литература во која се проучуваат новите методи и техники на работа, односно новите методи за подигнување на интерактивноста, методи за поефективно предавање и изучување на наставната материја и слични области и теми кои се обработени во ново преведените книги“, рече Ристовски, додавајќи дека и новите наслови се обезбедени на предлог на универзитетските професори и студентите, што како партнерство придонесува за дополнително ефектуирање на проектот.

Потенцираше дека литературата досега била од голема корист при совладувањето на наставните програми, пишувањето стручни трудови, семинарски задачи, магистерски и докторски трудови, анализи и истражувања, а со тоа, проектот ја исполнува целта, како што рече - да им се олесни студирањето на студентите, преку намалување на времето за барање на потребната квалитетна литература и кратење на времето за преведување и толкување на информациите напишани на други јазици.

Концептот за превод на наслови по области е дефиниран и за следните три календарски години, па така во 2018 година ќе бидат преведени врвни наслови од природно математичката област и од областа на економијата. Потоа ќе бидат обезбедени наслови од областа на правото, како и литература за потребите на рударско геолошките и технолошко металуршките факултети и последната година ќе биде надграден и модернизиран фондот на стручна и научна литература за потребите на Градежниот, Архитектонскиот, Машинскиот факултет и Факултетот за ветеринарна медицина.

Книгите и натаму ќе бидат достапни во сите универзитетски, факултетски и народни библиотеки, во слободна продажба во поголемите издавачки куќи и книжарници, како и во специјализираната читална во ГТЦ која деновиве бележи 6 години од отворањето и каде неодамна, како што информираше Ристовски надмината е бројката од 1 милиони посети од читатели.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

КОНКУРС

за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook