Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16)), Правилникот за начинот и постапката и поблиските критериуми за финансирање и надзор на годишните програми за финансирање на научно – истражувачки проекти односно програми („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 82/09, 149/09,25/11 и 129/13, и Решението за објавување на Јавен оглас бр. 17-4906/1 од 07.04.2017 година, Министерството за образование и наука на Република Македонија, распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат пријавените проекти по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Народна Република Кина за периодот 2018 - 2019 година

Министерството за образование и наука на Република Македонија, од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог - проекти по Конкурсот за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Народна Република Кина кои ќе се финансираат во периодот 2018-2019 година.
Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и научно подрачје на истражување.
Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување
- Природни науки, (информатика, математика, биологија)
- Биотехнички науки (ветеринарна медицина, рибарство,
храна и вино)
- Медицина (фармакологија, фармакогнозија)
-Техничко-технолошки науки, (информатичка технологија и
автоматика, компјутерска техника и информатика,
енергетика, градежништво, менаџмент, контрола на
квалитет, земјотресно инженерство, дигитална економија,
животна средина и телекомуникации)

Избраните рецензенти, пријавените билатерални проекти ќе ги оценуваат врз основа на следните критериуми:
- придонес во продлабочувањето и проширувањето на
научните знаења;
- оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
- компетентност на главниот истражувач;
- компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
- придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
- релевантноста на проектот на целите на истражувањето;
- конкурентноста за меѓународна соработка;
- остварливоста на предлог проектот (финансиска
конструкција), можности за примена на резултатите.

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

Пријавата за рецензент, уредно пополнета заедно со потребните документи се доставува во Министерството за образование и наука, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 10.05.2017 година.

Некомплетни или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

За симнување:

Пријавата за рецензент

 

ministerka-slika-mk-2

Министер за образование и наука

 

 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

mon_slika.jpg

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook