Владата на Народна Република Кина за академската 2017/2018 година доделува 18 стипендии за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации на државните универзитети во Народна Република Кина и 3 стипендии во рамки на Централно-Источно Европската програма за медицина на државните универзитети во Народна Република Кина.

Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават електронски на www.csc.edu.cn/laihua или на www.campuschina.org, агенциски број 8071, а потоа, пополнетата апликација во хартиена форма, заедно со следните документи:

Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (редовни- додипломски студии) преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,

- Фотокопија од дипломата за завршено високо образование (магистерски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,

- Фотокопија од уверението за положени испити (магистерски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,

- План за студиите (до 200 зборови за редовни додипломски студии, до 500 зборови за специјализации и до 800 зборови за магистерски студии),

- Две препораки од универзитетски професори (магистерски студии и специјализации),

- Кратка биографија,

- Писмо за прифаќање од избраниот универзитет (подетални информации на http://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),

Лекарско уверение (Foreigner Physical Examination Form) се пополнува на англиски јазик и треба да ги содржи сите наведени испитувања, да има потпис од доктор, официјален печат од здравствената установа и прикачена фотографија од кандидатот.

- Потврда за познавање на англиски или кинески јазик (HSK сертификат),

- Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи, треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).

во три примероци (еден оригинал и две копии) се доставуваат до Министерството за образование и наука на ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, Република Македонија, со назнака – апликација за стипендии за студирање во Народна Република Кина.

Краен рок за поднесување на електронските апликации е 01.04.2017 година, додека доставувањето на потребните документи до Министерството за образование и наука трае до 04.04.2017 година.

Подетални информации можат да се обезбедат на интернет страниците http://www.campuschina.org или http://en.csc.edu.cn/studyinchina.

Лице за контакт во Министерството за образование и наука: Олга Дуковска-Атов, тел: 02 3140 185.

Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2017 година.
Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Република Македонија.

ministerka-slika-mk

Министер за образование и наука

zamenik-mk

Заменик Министер за образование и наука 

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

 

 

horizontal mk

 

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

КОНКУРС

за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook