Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу и директорот на Центарот за стручно образование и обука, Ајше Селмани денес им ги доделија дипломите на менторите и на учениците кои што постигнаа најдобри резултати на натпреварите за избор на најдобар ученик во струката, во рамките на проектот „Лидер на струка“ .
Овој проект веќе се имплементира веќе трета година по ред и ги наградува менторите и учениците кои постигнале успех во областа на стручните предмети и практичната настава.

Изборот на најдобар ученик е направен според постигнатиот успех на натпревари на кои се покажуваат, докажуваат, вреднуваат и рангираат знаењата и вештините на учениците по стручните предмети и практичната настава во рамките на струката/одделен образовен профил од средното стручно образование, согласно Правилникот за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

Проектот ќе продолжи да се имплементира и во следната учебна година, како една од низата активности за поттикнување на интересот за избор на средното стручно образование.

 

- Листа на ученици лидери
- Листа на наставници ментори