Согласно член 48 од Законот за признавање на професионални квалификации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 171/10) Министерството за образование и наука објавува предлог листа/регистар на регулирани професии.

Оваа обврска произлегува од потребата за усогласување на националното законодавство со одредбите на ЕУ за меѓусебно признавање на професионални квалификации (36/2005/EC и 55/2013/EU)

Под поимот регулирана професија се подразбира секоја професионална активност или група на професионални активности, чиј пристап е претходно законски регулиран.

Со цел навремено ажурирање на податоците поврзани со видот на регулирани професии, правната основа за нивно регулирање како и надлежното тело кое ги уредува, ја покануваме секоја надлежна институција во Република Македонија (министерство, комора односно професионално здружение) да достави предлози за евентуално нови регулирани професии или пак да достави предлози за измена на предложената листа.

Вашите коментари и сугестии, односно интервенции по предлог листата на регулирани професии замолуваме да ги доставете најдоцна до 31.12.2016 година, на следните електронски адреси:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

- предлог листа/регистар на регулирани професии (верзија на македонски јазик)
- предлог листа/регистар на регулирани професии (верзија на англиски јазик)