На 14 јануари 2016 година, Министерството за образование и наука на Република Македонија ја прифати новата Концепција за интеркултурно образование како официјален документ на МОН.

Концепцијата е изготвена од страна на експертската група основана од НДЦ Скопје во партнерство со Министерството за образование и наука.

Иницијативата за креирање на Концепцијата за интеркултурно образование е дел од проектот „ Мултиетнички концепт во образованието“ имплементиран од страна на НДЦ Скопје и МОН со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Концепцијата за интеркултурно образование е базирана на истражување на моменталните прилики, состојби во повеќе моноетнички и мултиетнички училишта од рурални и урбани средини во Република Македонија, со цел согледување на интеркултурната димензија во основното и средното образование.

Концепцијата ќе понуди пристапи, позитивни практики и искуства за кроскурикуларна поддршка на интеркултурните вредности преку официјален и скриен курикулум. Особена придобивка на Концепцијата за интеркултурното образование ќе биде микропедагошката димензија на истата.

Концепцијата за интеркултурно образование може да се преземе на следниот линк

Листа на избрани модел училишта за имплементација на Концепцијата за интеркултурно образование