Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел:++389(2)3117-277
факс:++389(2)3118-414
e-mail: contact@mofk.gov.mk

Добредојдовте на web-страницата на Министерството за Образование и Наука

Образованието е фундаментално човеково право. Тоа им пружа на децата, младите и возрасните моќ критички да размислуваат, да прават избор и да си го подобрат животот. Го разбива затворениот круг на сиромаштија и е клучен елемент на економскиот и социјалниот развој. (ЕФА, УНЕСКО)
МИНИСТЕРОТ РУШИТИ НА ЈАВЕН СОСТАНОК ВО ТИРАНА

Албанската улога за интеграција на Македонија во НАТО

Уniverzitetot ,,МАРИН БАРЛЕТИ”,  организираше денес јавен состанок со министерот за образование и наука на РМ, г-н.Сулејман Рушити,со тема Албанската улога за интеграција на Македонија во НАТО. Меѓу главните причини се дискутираше за проблемaтиката на албанското образование и предизвиците за европскоатлантска интеграција на соседната држава.

Седумдесет (70 ) годишниот недостаток на институциите на албански јазик во Македонија била евидентна и е потребно време за да се подобрува. Од 1994 година се работело многу бавно на нивото на албанското образование во Македонија.Актуелно и со право му се посветени 70% од капиталните инвестиции и ова била главна тема меѓу мене и премиерот Груевски - соопштува министерот.

Повеќе...  
Обраќање на Министерот за образобание и наука г-дин Сулејман Рушити

Почитувани,
 
Во моето лично име и во името на сите оние кои се протагонисти на образование сакам да им се заблагодарам на подршката на политиката за подигање  на образовното ниво на сите заедници кои ја сочинуваат нашата мултиетничка држава. Целта нa средното задолжително образование е целосна опфатеност на населението во образовниот процес, со што Република Македонија ќе го зголеми степенот на писменоста, ќе го зголеми квалитетот на млади кадри и ќе го намали јазот на писменоста и неписменоста  во државата, со што вооедно ќе се намали и сиромаштијата. Инвестициите во образоавнието се инвестиции за  подобра иднина.
Повеќе...  
Свечено отворање на О.У.„Абдуљ Фрашери„ с. Боговиње
Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити по повод свеченото отворање на О.У.„Абдуљ Фрашери„ с. Боговиње - Општина Боговиње, истакна дека Министерството за образование и наука и понатаму ќе продолжи да работи за обезбедување на што повеќе услови за следење на модерна и интерактивна настава, со што учениците на Република Македонија ќе можат полесно и поуспешно да конкурираат на европскиот пазар на трудот.