Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повторен повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за I година средно стручно четиригодишно образование

Повторен повик за искажување на јавен интерес за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за I година средно стручно четиригодишно образование

 

Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/1530/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

Повторен повик за искажување на јавен интерес

за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за I година средно стручно четиригодишно образование

 

Авторските тимови ќе се формираат за следните наставни предмети:

 

 

НАЗИВ НА ПРЕДМЕТИТЕ

1

Информатика за I година математичко-информатичка гимназија

 

2

Македонски јазик и литература за I година средно стручно четиригодишно образование,

 

3

Физика (Електротехничка струка, Градежно-геодетска струка, Графичка струка, Хемиско-технлошка струка, Лични услуги, Машинска струка, Сообраќајна струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка, Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка) за I година средно стручно четиригодишно образование,

4

Граѓанско образование за I година средно стручно четиригодишно образование

5

Ликовна уметност  за I година средно стручно четиригодишно образование

   

 

 

7

Текстил, кожа и други сектори за I година СЕКТОР/СТРУКА: ТЕКСТИЛ, КОЖА И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ /ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: техничар за изработка на облека, техничар за моделирање на облека,техничар за дизајн на облека, техничар за обувки, техничар за моделирање на обувки

 

8

Основи на дизајн за I година СЕКТОР/СТРУКА: ТЕКСТИЛ, КОЖА И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ /ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА Предмети за квалификацијата/образовниот профил: техничар за дизајн на облека

 

9

Естетика за I година СЕКТОР/СТРУКА: ТЕКСТИЛ, КОЖА И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ /ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА Предмети за квалификацијата/образовниот профил:Техничар за обувки

 

10

Естетика за I година СЕКТОР/СТРУКА: ТЕКСТИЛ, КОЖА И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ /ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА Предмети за квалификацијата/образовниот профил: техничар за изработка на облека

 

11

Хигиена и екологија за I година СЕКТОР/СТРУКА: УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ/УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКА Заеднички предмети за квалификациите / образовните  профили:  угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам, техничар за настани и анимации и хотелско туристички техничар

 

12

Лични услуги и други сектори на квалификација за I година СЕКТОР/СТРУКА: ЛИЧНИ УСЛУГИ Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: техничар за очна оптика, техничар за козметичка нега и убавинa

 

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 29.04.2024 година. (пријавата).

 

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:

уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

 

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.

[ понеделник, 08 април 2024 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar