Министерот за образование и наука, Панче Кралев, вчера (09.01.2012 година) на првиот работен ден на Светскиот образовен форум, одржа билатерална средба со Британскиот национален министер за училишта г-дин Ник Гиб.

На средбата беа разменети искуства за образовните училишни системи во двете држави. Министерот Гиб изрази интерес за реформите во образованието во Република Македонија и ги сподели нивните искуствава во поглед на интегрираното образование и посебно нивниот систем за екстерно тестирање на ученици. На средбата се разговараше и за интензивирање на соработката помеѓу двете држави, со акцент на високото образование.
Министерот Кралев исто така оствари билатерална средба својот латвиски колега Ричардс Килис. Двајцата министри го потенцираа пријателството помеѓу двете држави и ја истакнаа потребата за интензивирана соработка во полето на образованието. Тие разменија искуства од различни области на образованието и разговараа за начините со кои може да се продлабочи соработката во науката, но и како да се искористат искуствата на двете земји за подобрување на училишниот процес на образование.
Министерот Кралев оствари средба и со Тодор Милев, Генерален претставник на генералната канцеларија на Микрософт за северно-источна Европа, во Минхен Германија. На средбата стана збор за можностите како МОН и Микрософт со конкретни проекти да придонесат кон подобрување и дигитализирање на образовниот процес во Република Македонија.
За време на формалниот прием кој се одржа во Ланкестер Хаус, Министерот Кралев и Амбасадорот на Република Македонија во Обединетото Кралство Марија Ефремова имаа кратка средба со Првиот државен секретар на Велика Британија (Министер за надворешни работи) Вилијам Хеиг. Господинот Хеиг заедно со Неговото Височество Принцот Едвард беа домаќини на формалниот
прием по повод Светскиот Образовен форум 2012.

Во текот на денешниот ден Министерот Кралев ќе одржи повеќе билатерални средби и ќе има свое излагање пред претставниците на Самитот на тема: „Со фокус на Високо образование и доживотно учење: Како технологијата го подржува образованието како систем на учење во кој истражувањето, развојот и размената на идеи прават систем за подобрување на образованието?“
Најнови конкурси
- Конкурс за Fulbright Student стипендии за академска 2013-2014 година
- Конкурс за доделување на 4 (четири) стипендии на Владата на Народна Република Кина за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации
- Курс за земјоделско инженерство
- Стипендии за постдипломски студии финансирани од Jапонската влада
- Повик на УСАИД за проектни апликации (мрежа на решенија за високото образование)
Министер
м-р Панче Кралев
Министер за образование и наука на Република Македонија

|
КОНКУРС за доделување стипендии ------------------------------ |
|
|




















