Проектот за модернизација на образованието се вбројува помеѓу приоритетите на Владата на Република Македонија во нејзиното настојување за децентрализација на образованието и нејзината програма за развој на образованието. Македонската Влада се обврза да го подготви и целосно имплементира Проектот за модернизација на образованието за што се обезбедени средства од Светска банка, под ИБРД услови. Пресметаните вкупни трошоци за проектот се приближно 18-19 милиони американски долари. Средствата потребни за имплементација на Проектот се обезбедени од следниве извори: - Заем од Светска банка (во износ од 5 милиони американски долари)
- Владата на Холандија (донација во износ од 10 милиони евра)
- Владата на Република Македонија (учество во износ од 3 милиони американски долари)
Владата доби заем од Светска банка во износ од 5 милиони американски долари како поддршка за Проектот за модернизација на образованието. Со аранжман за ко-финансирање Владата доби грант од 10 милиони евра од холандската Влада. Владата се обврза да обезбеди сопствено учество, кое ќе вклучи финансирање на различни расходи врз основа на Стандардните коефициенти за повлекување на средства, договорени меѓу Владата и Светска банка.
|