|
ОУ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ - с. ДОБРУШЕВО доби училишен грант од Светска банка и Владата на Холандија и има намера да искористи дел од средствата за прифатливи плаќања за набавка на добра. Ве повикуваме доколку ги исполнувате следните услови: - Добри препораки од претходните клиенти
- Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти
- Фирмата да е ДДВ обврзник
да изразите интерес за доставување на понуди за набавка на нагледни, аудиовизуелни средства и училишен инвентар. Покана за понуди ќе биде доставена од училиштето само на оние договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми како и деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови сите заедно во еден документ. Изразите за интерес и краток опис на исполнувањето на наведените критериуми доставете ги на адреса: ОУ Браќа Миладиновци – с. Добрушево Лица за контакт: Наташа Ставревска и Аница Арсовска, тел: 047 292-056 Огласот трае од 26.09.2008 до 03.10.2008.
|