Македонски Огласи ДМУЦ Тодор Скаловски-Тетоец - Тетово: Оглас за набавка на добра
ДМУЦ Тодор Скаловски-Тетоец - Тетово: Оглас за набавка на добра

1. Опис на потребните работи: ДМУЦ Тодор Скаловски-Тетоец - Тетово има потреба од набавка на нови ПВЦ прозорци. Потребно е изведувачот да поседува капацитети, целосно да ги достави потребните материјали и да ги реализира активностите. Со реновирањето ќе се заштити руинирањето на училишните прозори и ќе се обезбеди заштеда на електрична енергија.                                                                                                                                                                                                                                                                   

 

2. За договарачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следниве барања:

o         Постојана работа во областа на изработка, продажба, набавка и одржување на ПВЦ прозори во изминатите 2 години .

o         Успешно извршување на најмалку 3 договори во областа на изработка на ПВЦ прозори во изминатите 3 години;

o         Соодветни простории за работа, опрема и работилници;

o         Добри препораки од претходни клиенти;

o         Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти; 

3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за деталната техничка спецификација на следнава адреса: Иво Лола Рибар 118  Тетово   најдоцна до: 30.09.2008 заклучно со 12 часот 

4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ - Покана за доставување понуди за набавка на ПВЦ прозори  ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2.