|
Државниот музички училишен центар Сергеј Михајлов - Штип, доби училишен грант од Светска банка/Владата на Холандија и има намера да искористи дел од средствата за прифатливи плаќања во согласност со Договорт за кој се објавува овој Оглас. 1.Опис на потребните работи/предмет на набавка: Државниот музички училишен центар Сергеј Михајлов - Штип, има потреба од следните градежни работи:-изработка и монтажа на ПВЦ прозорци во 8 училници, концертна сала, прозори на хол на училиштето помеѓу првиот и вториот спрат и прозорци на хол помеѓу вториот и третиот спрат, со што се постигнува звучна и топлотна изолација на училишните простории.Демонтажата на ПВЦ прозори и крпењето на оквири на монтирани прозори е од страна на вработени стручни лица во училиштето (сопствено). 2.Услови за аплицирање За договорачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следните барања: - успешно извршување на најмалку три договори во изминатите три години кои што биле од ист вид како што е предметот на набавката.
- добри препораки од претходни клиенти
- доколку апликантот е правно лице да достави Документ за регистрирана дејност од Централниот регистар на РМ
- доколку апликантот е правно лице да достави Дозвола од надлежен орган за работење (дејност) за физичко лице;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај или ликвидација;
- уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена мерка на безбедност-забрана за вршење на дејност;
- потврда од управа за приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;
3.Адреса на набавувачот Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за деталната техничка спецификација на следната адреса: Државен музички училишен центар Сергеј Михајлов, ул. Рајко Жинзифов б.б.,Штип; Телефон за контакт: 032/391-457 4. Доставување на техничка спецификација Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно содржани во еден документ-Покана за доставување понуди за помали градежни работи-изработка и монтажа на ПВЦ прозорци, ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2. и доставиле писма за интерес. 5. Траење на огласт: седум работни дена Огласот ќе трае од 23. 09.2008 до 01. 10. 2008 година
|