|
ОУ Страшо Пинџур - Јосифово: Оглас за помали градежни работи |
|
1. Основното училиште Страшо Пинџур - Јосифово има потреба од промена на подот во училниците во едно подрачно училиште. Имено, постојните подови во училиштето се стари и во голема мера оштетени поради што е отежнато одржувањето на хигиената (се крева прашина), затоплувањето (децата газат на гол цемент), а поткорнатите плочки претставуваат опасност од препнување и паѓање .Со промена на подот би се избегнал горе-наведениот проблем и би се изградила здрава работна средина за учениците и наставниците.Освен ова потребно е обновување на скалите во едно подрачно училиште. Имено, при изградбата на училиштето скалите се оставени непоплочени што довело до нивно уништување и ронење. Од тие причнини отежнато е нивното одржување , а претставуваат и потенцијална опасност за децата кои ги користат. Со нивно оформување и поплочување би се надминал постојниот проблем и во голема мера би се намалиле постојните проблема. 2. За договарачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следниве барања: - Постојана работа во областа на градежништвото, посебно во изгрaдба и/или обнова на згради, куќи и јавни установи во изминатите две години;
- Успешно извршување на најмалку 3 договора во областа на градежништвото во изминатите 3 години;
- Соодветни простории за работа, опрема и работилници,
- Добри препораки од предходни клиенти;
- Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти;
3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за детална техничка спецификација на следнава адреса: ОУ Страшо Пинџур - Јосифово Ул. Страшо Пинџур б.б. Тел/факс: 034/386-181 во рок од 7 денови од денот на објавување на огласот. 4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ-Покана за доставување понуди за помали градежни работи ќе биде доставена од училиштето само од оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2 Комисија за набавки
|