Македонски Огласи ОУ Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу - Арачиново: Оглас за помали градежни работи
ОУ Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу - Арачиново: Оглас за помали градежни работи
1. Основното училиште Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу Арачиново, доби училишен грант од Светска банка/ Владата на Холандија и има намера да користи дел од средствата за изработка и поставување на прозорци и влезни врати во училиштето. За таа цел потребно е да се извршат следниве работи:
  • Подготвителни работи: демонтажа на постоечките прозорци и влезни врати;
  • Занаетчиски работи: изработка на прозорци и влезни врати и монтажа.
2. За договарачите да можат да аплицираат, треба најмалку да ги исполнуваат следниве барања:
  • Постојана работа во областа на изработка и монтажа на прозорци и врати (ПВЦ и алуминиум). Успешно извршување на најмалку 3 договори во областа;
  • Соодветни простории за работа, опрема и работилници;
  • Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти;
  • Да е ДДВ обврзник.

3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за детална техничка спецификација на следната дреса:     

ОУ Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу - Арачиново, 1045 Арачиново

Најдоцна до 26.09.2008 

4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ - Покана за доставување понуди за помали градежни работи ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2.