|
Училиштето Тошо Арсов - Штип, доби училишен грант од Светска банка/Владата на Холандија и дел од средствата ќе ги искористи за локално купување на нагледни средства за одделенска и предметна настава. 1.Во соработка со наставниците и комисијата за набавки се изготви листа на приоритетни потреби: - Нагледни средства за одделенска и предметна настава 2. За договарачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следниве барања: - Успешно извршување на најмалку 3 договори во изминатите 3 години; - Добри препораки од претходни клиенти; - Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти; 3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за деталната техничка спецификација на следната адреса: ОУ Тошо Арсов Штип Булевар ЈНА бб, Штип Најдоцна до 24.07.2008г. 4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ - Покана за доставување понуди ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2. Огласот ќе трае од 17.07.2008 до 24.07.2008г.
|