|
Основното училиште Лиман Каба - Бутел, Скопје, доби училишен грант од Светска банка (Влада на Холандија) и има намера да искористи дел од средствата за помали градежни работи: реновирање на подот на неколку училници и подобрување на електричната мрежа во училниците. За таа цел потребно е да се извршат следните работи: - Градежни – занаетчиски работи: Реновирање на подот на училниците За договарачите да можат да аплицираат треба да ги исполнуваат следниве барања: - Постојана работа во областа на градежниството посебно во обнова на згради, куќи и јавни установи во изминатите две години; - Успешно извршување на најмалку три договори во областа на градежниството во изминатите три години; -Соодветни простории за работа, опрема и работилницич - Добри препораки од предходни клиенти; - Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти; Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за деталната техничка спецификација на следнава адреса: ОУ Лиман Каба – Љуботен, Бутел - Скопје тел и факс: 2661-047, моб: 070 260-749, e-mail
This e-mail address is being protected from spambots, you need JavaScript enabled to view it
најдоцна до 18.06.2008 год. Деталната техничка спецификација со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ- Покана за доставување понуди за помали градежни работи ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2.
|