Македонски Огласи АСУЦ Боро Петрушевски - Скопје: Оглас за помали градежни работи
АСУЦ Боро Петрушевски - Скопје: Оглас за помали градежни работи

АСУЦ Боро Петрушевски - Скопје, доби училишен грант од Светска банка / Владата на Холандија и има намера да искористи дел од средствата за изведба на помали градежни работи:

-          Реконструкција на санитарните јазли на приземје и прв кат во јужното крило од училишната зграда 

Опис на потребните градежни работи:

-          Демонтажа на старите ѕидни и подни плочки

-          Демонтажа на  старите санитарните елементи

-          Набавка и монтажа на нови ѕидни и подни плочки

-          Набавка и монтажа на нови санитарни елелменти 

Договарачите за да можат да аплицираат треба да ги исполнуваат следниве барања:

·         Постојана работа во областа на градежништвото, посебно во изградба или обнова на разни објекти во изминативе две години;

·         Успешно извршување на најмалку три договори во областа на градежништвото во изминативе три години;

·         Соодветни простории за работа , опрема и работилници;

·         Добри препораки од претходни клиенти;

·         Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти;

·         Фирмата да е ДДВ обврзник 

Покана за доставување понуди за помали градежни работи како и деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови - сите заедно како еден документ, ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите. 

Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат  критериумите за квалификација се покануваат да достават изрази за интерес  за деталната техничка спецификација на адреса:

Ул.  Александар Македонски бр 26б, Скопје во училиштето АСУЦ Боро Петрушевски – Скопје

Тeлефон: 02 3115 819/, 02 3109 168

Најдоцна до: 16.06.2008 

Лице за контакт: Кастриот Касапи 070/205-387